Ова јадење е оптимизирано за 6 порции. Количината и времето може да треба да бидат различни. Овде можете да најдете повеќе информации за прилагодените големини на порција
Ако количините се зголемат, времето за готвење може да се продолжи, па повторно погледнете. Користете вода и зачини најпрво и додајте повеќе подоцна ако е потребно.
Сварете го оризот според упатството на пакувањето.
Исечете ги рачките на пиперките и исчистете ги од семките ( како за полнети пиперки ) и ставете ги во тенџере со зовирена вода додека да омекнат ( околу 12 минути ). Извадете ги и исцедете.
Ставете ја рерната да се грее на 180 °C, а за тоа време во голем сад измешајте ги оризот, 3/4 од сосот за шпагети, 1,5 шолја моцарела, пармезанот, сечканиот колбас, лукот во прав, босилекот и според вкус додадете MAGGI магијата на вкусот и бибер.
Во огноотпорен сад наредете ги пиперките со отворенит дел кон горе и наполнете ги со смесата. Остатокот од сосот и сирењето искористете го да ги прелиете пиперките.
Печете во рерна додека сирењето да започне да врие ( околу 15-20 минути). Извадете од рерна и послужете додека е топло.