Ова јадење е оптимизирано за 4 порции. Количината и времето може да треба да бидат различни. Овде можете да најдете повеќе информации за прилагодените големини на порција
Ако количините се зголемат, времето за готвење може да се продолжи, па повторно погледнете. Користете вода и зачини најпрво и додајте повеќе подоцна ако е потребно.
Пиперките пресечете ги на половина и исчистете ги од семките. Тиквичката измијте ја и изрендајте ја на крупно ренде, посолете ја, па оставете ја десетина минути да го испушти сокот, а потоа исцедете.
Кромидот и лукот исчистете ги и исечкајте ги ситно, па пропржете ги на малку масло. Додадете ги претхдодно сварениот ориз и ренданата тиквичка. Динстајте се заедно неколку минути.
Додадете ја MAGGI идеја за полнети пиперки, да почне да врие, па тргнете од оган за да се олади. Во смесата додадете сирење и соединете.
Наполнете ги пиперките со смесата и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени, па украстете со ливче магдонос.
Кликнавте на врска од трета страна и ќе ја напуштите страницата. Ние немаме контрола над платформите на трети страни и не ја поддржуваме ниту прифаќаме одговорноста за нив, вклучувајќи ја нивната содржина, точност или функција. Вие комуницирате со овие поврзани платформи на ваша сопствена одговорност. Ние не прифаќаме одговорност или обврска за ваквите платформи на трети страни и нивните услови на користење. Прочитајте повеќе во нашите Услови и правила на користење