Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.

1846. - роден е основачот на компанијата Жулиус Маги

Maggi-Young


Енергичниот млад човек со претприемнички дух Julius Michael Johannes Maggi ( Жулиус Мајкл Јоханес Маги ) е роден на 9. октомври. Жулиус Маги ги направил првите чекори во ова поле кога имал 23 години и го преземал менеџментот на бизнисот на неговото семејство, мелница во градот Кемптал во близина на Цирих, Швајцарија која станала темел за глобалниот бренд MAGGI.

1882. - Жулиус Маги експериментира за доброто на работниците

1882_Maggi-production


Во овој период Жулиус Маги сфатил дека исхраната кај работниците е дефицитарна, поради недостатокот на време и пари, па започнал да истражува и работи со Др. Фридолин Шулер на методи за подобрување на исхраната кај работничката класа.


1884. - лансирано е првото брашно од мешунки

1884_Leguminosa


Загриженоста за подобрувањето на исхраната довела до појавување на првиот MAGGI производ по неколку години: првото брашно од мешунки, кое било вистински успех. Првото брашно од мешунки се појавило како резултат на тоа дека Жулиус Маги сфатил дека има потреба од производ кој дава задоволувачка и брза храна за работниците. Вака се појавил MAGGI, производ кој ја трансформирал иднината преку начинот на готвење, кај милиони луѓе.

1886. - готова супа и MAGGI течни зачини

MAGGI-Timeline


Два од најважните MAGGI производи биле лансирани: супи и течни зачини. Готовите супи со текот на времето го замениле брашното од мешунки. MAGGI течните зачини, во препознатливото кафеаво шише, доживеале толку голем успех што дури и растенијата со сличен вкус, го добивале името “MAGGI тревка”.


1887. - добредојде во Германија

MAGGI-House


Првата германска подружница MAGGI отворена e во Синген, Баден. Во почетокот, само седум работници овде полнат шишиња MAGGI со течен зачин - за во тоа време најголема дневна плата од 80 фенинзи.

Оригиналната зграда на Жулиус Маги, во која се флаширал течниот зачин MAGGI во Синген од 1887., го добила името “Gütterli-Hüsli. Германскиот збор “Gütterli"" набрзо започнал да кружи низ Синген означувајќи типично квадртатни, кафеави шишиња од фабриката. “Gütterli-Hüsli"" е сè уште на истотото место и од 1966 година станала дом на MAGGI музејот.

Резултатите постигнати со текот на времето и вербата во потенцијалот на MAGGI производите му дале на Жулиус Маги храброст да се прошири интернационално во следните години. Жулиус Маги oтворил свои филијали во Париз, Берлин, Синген, Виена, Бегренз, Лондон па дури и во Соединетите Американски Држави.

1889. - MAGGI Фабрика за храна

MAGGI-1889


MAGGI станала трговско друштво наречено MAGGI Фабрика за храна. Оваа промена била дел од стратегијата за експанзија, со цел добивање на поголем капитал.


1899. - производство на MAGGI Wort во Синген

MAGGI-Workshop


Компанијата за шишиња Синген започнала да го произведува и MAGGI течниот зачин. Работната сила пораснала на 450, за само две години.


1900. - Жулиус Маги го заштитил своето име

MAGGI-1990-semnatura


Жулиус Маги го регистрирал својот потпис и варијции од неговото име во неколку држави. Во Швајцарија заштитил 18 различни варијации името, за да ги отстрани потенцијалните имитатори.


1908. - магичната коцка за супи и сосови

MAGGI-Bouillon


Се појавиле MAGGI коцките. Во некои држави овој производ бил толку популарен што станал дел од локалната кујна. Околу 1910, коцката бујон била триесетина пати поефтина од килограм супа со месо. Ставот на претприемачот бил невообичаен за ова време- Жулиус Маги сегогаш го сакал најдоброто не само за своите купувачи, туку исто така и за своите вработени. Затоа поставил кантини, здравствено осигурување во компанијата и куќи за одмор за неговите вработени.


1912. - збогување со Жулиус Маги

По исчезнувањето на Жулиус Маги, компанијата се трансформирала во холдинг под името “Allgemeine Maggi-Gesellschaft”. Оваа фаза била една од најважните во историјата на компанијата.

1947. - MAGGI полни 50
На својот 50-ти роденден, MAGGI се споила со компанијата Nestlé, станувајќи Nestlé Alimentana. Спојувањето било природно и погодно бидејќи двете компании биле швајцарски и ја делеле истата визија за храната.

1954. - Лансиран е MAGGI Fondor

MAGGI-1954_Fondor
MAGGI Fondor, лесниот за употреба зачин во прав, претходно познат единствено како коцка е лансиран. Сега е достапен во ново пакување лесно за употреба.
MAGGI класиците како говедската коцка (1950), универзалниот зачин Fondor (1954) или бистрите супи со месо (1955) настанале во 1950-ите години.


1958. - производи готови за неколку минути

MAGGI-overtime
MAGGI влегува во светот на азиската кујна создавајќи производи подготвени за неколку минути: првите готови равиоли од јајце во конзерва, по кои следат нудли и други типични јадења за оваа кујна, со што станува омилен оброк на илјадници студенти.


1974. - Раѓање на линијата MAGGI Fix

MAGGI-Gulasch


Gulasch Fix е првиот MAGGI Fix производ кој бил лансиран. Овие производи комбинираат know-how на рецепти и едноставна, безбедна подготовка со многу варијации.


1979. - 5-минутен сад

MAGGI-5minutes


Топол оброк за само пет минути - без да се извалка чинија. Овој сон се остварува со 5-минутен сад. Отсега, сè што треба да направите е да го отворите капакот, додадете врела вода, и да почекате пет минути за да уживате во вкусно топло јадење.

2007. - Класичниот MAGGI Wort полни 120

MAGGI-Wurze


MAGGI Wort останува присутен околу 120 години. Неговата популарност не се намалува, а рецептот останува тајна на компанијата.

2010. - Готвење толку сочно

Готвење толку сочно“ е мотото на уште една иновација: со вреќата за рерна MAGGI јадењата со месо се полесни за подготовка од кога и да било.

2013. - MAGGI започнува иницијатива за квалитет

Започнува иницијативата за Нов MAGGI Квалитет. Таа веќе се рефлектира во 150 подобрени рецепти, имплементирани до летото 2015 година. Според потрошувачите многу од нив се со уште подобар вкус .

2016. - повторно лансирање на сосови и претcтавување на Fixe семејството
MAGGI станува се подобар и подобар: без засилувачи на вкусови во основните и деликатесни сосови, разбирливи листи со состојки и модерна амбалажа со совети за рецепти. А новото семејство на производи MAGGI - fix и свежи производи исто така ги прави децата гладни за зеленчуци.

Денес

MAGGI_TODAY

Денес, по повеќе од 100 години, секоја секунда се подготвуваат по 4.600 порции храна ширум светот со производите на MAGGI.

MAGGI во Северна Македонија

MAGGI производите одамна постојат на македонскиот пазар, но со компанијата Nestlé Adriatic ( Нестле Адриатик ) за овој регион се присутни од 2003-та година, заедно со Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора. Овој регион на крајот на 2017 година станал дел од поголемиот пазар на Nestlé Југоисточна Европа, кој со Романија и Бугарија опфаќа дури 50 милиони потрошувачи.
MAGGI производите најпрво биле застапени со асортиманот на супи и коцки за супи. Од 2012, лансирана е новата категорија додатоци за јадење, МAGGI “Идеја за” која на потрошувачите им дава идеи за ручек. Од 2019 година во асортиманот постојат и MAGGI noodles.