Ова јадење е оптимизирано за 4 порции. Количината и времето може да треба да бидат различни. Овде можете да најдете повеќе информации за прилагодените големини на порција
Ако количините се зголемат, времето за готвење може да се продолжи, па повторно погледнете. Користете вода и зачини најпрво и додајте повеќе подоцна ако е потребно.
Во половина литар млеко растопете пакетче квасец со лажичка шеќер. Кога квасецот ќе почне да се дига додадете 2-3 лажици масло, лажица сол и брашно доволно за да се замеси меко, растегливо тесто. Оставете го тестото да стаса, а потоа измесете го и развлечете го за пица според големината на тепсијата.
Морските плодови издинстајте ги на малку масло во бело вино. Посолете и побиберете. Додадете ситно сечкан магдонос и лук.
Подготвеното тесто за пица прекријте го со Гауда сирење, а преку ставете ги морските плодови. Преку наредете исечкани домат и лути феферони. Печете 20 минути на 200 степени.