Ракчиња
За многумина од нас, ракчиња се морска храна која ја јадеме најчесто. Ракчињата можат да се јадат и како главен курс и во тестенини, салати, па дури и пица. Најпознатиот рецепт за ракчиња е оној со путер и лук. За почеток, ракчиња треба да ги излупите, отстранувајќи ја вената од задниот дел, а потоа да ги измиете. Путерот треба да го оставите да се стопи во тавче. Здробете го лукот со ножот и ставете го во врелиот путер, а потоа исцедете малку сок од лимон. Додадете ги ракчиња и оставете ги во тавчето 4-5 минути додека не станат розеви. Ставете ги во чинија и додадете го сосот од путер, лук и лимон.
Школки
Кога купувате школки, треба да бидете сигурни дека ќе одберете затворени и да ги избегнете оние кои веќе се ставени во мраз. Најлесен начин за подготовка на школки е во сос од вино и лук. Првиот чекор е да се исчисти нивната надворешност со сунѓер и нож и да внимавате да не се распаднат. Откако ќе се исчистени, исплакнете ги во неколку води. Загрејте малку путер и масло во тавче и додадете неколку чешниња толчен лук, вино и оставете ги да зовријат. Додадете ги школките, измешајте добро и поклопете ги 5 минути. Ако не се отворат сите школки, оставете ги уште 5 минути. Извадете ги школките со шпатула и над нив истурете го останатиот сос од тавчето.
Октопод
Најпознатиот рецепт за октопод е медитеранскиот. Потребни ви се октопод, путер, лук, лимон, црвено вино, сол и бибер. Октоподот мора да се исчисти и да се оддели онколку што ви е потребно, да се вари 50 минути, по што се вади од водата и се лупи. Додадете го во тавче со стопен путер, додадете ги виното и лукот и варете додека месото не стане златно. Откако виното ќе испари, додадете лимон, сол и бибер.
Лигњи
Ако сакате да уживате во вкусна порција лигњи која брзо се подготвува, тогаш одберете да ги спремате на скара. Сè што треба да направите е да ги исчистите и да подготвите дресинг од лимон, лук, оригано, сол и бибер. Откако ќе ги оставите лигњите во овој дресинг половина час, ставете ги на скара и оставете ги по 2 минути од секоја страна. Дури и ако изгледа дека се тешки за подготовка, можете да уживате во лигњите кои се здрав оброк, полн со витамини и хранливи материи и да ги подготвите за многу кратко време, на овој навистина едноставен начин.