Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.
Skip to Main Content
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • Кампања Кампања
  • Maggi MAGGI
  • Логирај Се Логирај Се
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • Кампања Кампања
  • Maggi MAGGI
  • Логирај Се Логирај Се
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не
Морска храна

Морска храна

Морската храна може да биде клучот за здрава исхрана. Вкусни и со малку калории, морските плодови можат да го спречат холестеролот, да го намалат крвниот притисок обезбедувајќи оптимална количина на минерали и витамини. Постојат многу видови на морска храна и многу повеќе начини да ги готвите. Ајде да откриеме неколку од нив подолу!

Ракчиња

За многумина од нас, ракчиња се морска храна која ја јадеме најчесто. Ракчињата можат да се јадат и како главен курс и во тестенини, салати, па дури и пица. Најпознатиот рецепт за ракчиња е оној со путер и лук. За почеток, ракчиња треба да ги излупите, отстранувајќи ја вената од задниот дел, а потоа да ги измиете. Путерот треба да го оставите да се стопи во тавче. Здробете го лукот со ножот и ставете го во врелиот путер, а потоа исцедете малку сок од лимон. Додадете ги ракчиња и оставете ги во тавчето 4-5 минути додека не станат розеви. Ставете ги во чинија и додадете го сосот од путер, лук и лимон.

Школки

Кога купувате школки, треба да бидете сигурни дека ќе одберете затворени и да ги избегнете оние кои веќе се ставени во мраз. Најлесен начин за подготовка на школки е во сос од вино и лук. Првиот чекор е да се исчисти нивната надворешност со сунѓер и нож и да внимавате да не се распаднат. Откако ќе се исчистени, исплакнете ги во неколку води. Загрејте малку путер и масло во тавче и додадете неколку чешниња толчен лук, вино и оставете ги да зовријат. Додадете ги школките, измешајте добро и поклопете ги 5 минути. Ако не се отворат сите школки, оставете ги уште 5 минути. Извадете ги школките со шпатула и над нив истурете го останатиот сос од тавчето.

Октопод

Најпознатиот рецепт за октопод е медитеранскиот. Потребни ви се октопод, путер, лук, лимон, црвено вино, сол и бибер. Октоподот мора да се исчисти и да се оддели онколку што ви е потребно, да се вари 50 минути, по што се вади од водата и се лупи. Додадете го во тавче со стопен путер, додадете ги виното и лукот и варете додека месото не стане златно. Откако виното ќе испари, додадете лимон, сол и бибер.

Лигњи

Ако сакате да уживате во вкусна порција лигњи која брзо се подготвува, тогаш одберете да ги спремате на скара. Сè што треба да направите е да ги исчистите и да подготвите дресинг од лимон, лук, оригано, сол и бибер. Откако ќе ги оставите лигњите во овој дресинг половина час, ставете ги на скара и оставете ги по 2 минути од секоја страна. Дури и ако изгледа дека се тешки за подготовка, можете да уживате во лигњите кои се здрав оброк, полн со витамини и хранливи материи и да ги подготвите за многу кратко време, на овој навистина едноставен начин.

Можеби ќе ве интересира

Риба
Риба: видови и нејзини придобивки
Ворчестер
Ворчестер
  • Facebook
  • Youtube
  • Контактирајте не
  • Регистрирајте се
  • Правила и услови за користење
  • Колачиња
  • Политика на приватност