Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.
Skip to Main Content
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • Кампања Кампања
  • Maggi MAGGI
  • Логирај Се Логирај Се
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • Кампања Кампања
  • Maggi MAGGI
  • Логирај Се Логирај Се
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не
SEM_Tips_for_a_fluffy_omlette

Трикови за сочен омлет

За повеќето од нас омлетот е навистина вкусен појадок. Не само што можеме да го подготвиме со многу од нашите омилени состојки (сирење, зеленчук, сланина), туку е и совршен извор на енергија. Ова јадење е толку популарно што го наоѓаме насекаде низ светот, под различни имиња и комбинации: наргеси или омлет од спанаќ во Иран, фритта во Италија, шпански тортиљи или каи чао во тајландската кујна.

1. Одлучете кои состојки сакате да ги користите за омлетот - најдобро е да не користите повеќе од 2-3 состојки. За класичен омлет можете да користите: чедар сирење, шунка, печурки, пиперки или домати, кромид, свежи билки. А доколку имате желба за специјален омлет, одберете брокула, бри сирење или пак пченка и салса.

2. Внимавајте на тавата што ќе користите - користете нелеплива тава секој пат кога правите омлет. Загрејте ја тавата на средна температура со лажичка путер и тогаш додадете го омлетот. За да го свртите користете силиконска шпатула. Така ќе добиете многу вкусен омлет кој убаво изгледа. Навалувајте ја тавата полека кон лево и десно за омлетот да не се залепи на рабовите.

3. Изберете ги внимателно јајцата што ќе ги користите во омлетот - пред да ги користите јајцата треба да ги оставите на собна температура.

4. Ако сакате да добиете мек омлет, додадете млеко.
Пропорциијата е следна: лажица млеко на секое јајце.

5. Добро изматете ги јајцата - за мек омлет убаво изматете ги јајцата, најдобро е со користење вилушка, а не со миксер. Ако сакате да добиете суфле - омлет, прво изматете ги белките од јајцата, а потоа додадете ги жолчките.

6. Не дозволувајте омлетот да изгори - ова јадење е деликатно и не треба да е со кафеава боја, особено не поради тоа што нема да биде толку меко. Ставете го омлетот на висока топлина на почетокот, а кога ќе почне да се загрева намалете на тивок оган.

7. Подгответе ги состојките за омлет претходно - омлетот многу брзо се готви, па затоа најдобро е да се започне со подготовка и сечење на состојките, па дури потоа да се стави на оган.

8. Подгответе го омлетот во тавче покриено со капак.
На овој начин ќе добиете вкусен и мек омлет.

9. Ако решите да направите омлет со магдонос, млад кромид, босилек и слично, додадете ги откако ќе го извадите омлетот од оган, при сервирањето.

Мммм… ние веќе би сакале еден!

Можеби ќе ве интересира

Парче леб со авокадо намаз и јајце за појадок
Идеи за појадок за викенд
Пица од остатоци од храна
Направете вкусни оброци од остатоците
Спанаќ
Спанаќ: придобивки и идеи за храна
  • Facebook
  • Youtube
  • Контактирајте не
  • Регистрирајте се
  • Правила и услови за користење
  • Колачиња
  • Политика на приватност