Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.
Skip to Main Content
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • thomy-icon THOMY
  • Maggi Logo MAGGI
  • Кампања Кампања
  • Логирај Се Логирај Се
  • THOMY
  • THOMY производи
  • THOMY рецепти
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • thomy-icon THOMY
  • Maggi Logo MAGGI
  • Кампања Кампања
  • Логирај Се Логирај Се
  • THOMY
  • THOMY производи
  • THOMY рецепти
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не
Парче леб со авокадо намаз и јајце за појадок

Идеи за појадок за викенд

Нема подобар начин да го започнете викендот, отколку со долг лежерен појадок. Искористете го времето во денот за да подготвите појадок во кој ќе уживате сами или со вашите најблиски. Вкусната храна е уште подобра ако додадете и шолја чај или вашето омилено кафе.

Немате идеја што да појадувате? Искористете ги нашите идеи и кратките упатства за подготовка, за да се инспирирате и уживате во вкусен појадок:

1. Поширани јајца послужени со димен лосос и мафини.

Подготовка: Загрејте вода до пред зовривање, па додадете една лажица бел оцет. Скршете го јајцето во мал филџан. Со лажица направете вител во тенџерето, па спуштете го јајцето во центарот на вителот. Гответе на средно-висока температура. Извадете со решеткаста лажица. За подобар вкус, користете THOMY Smoky BBQ Прелив за јадење со вкус скара како додаток.

2. Палачинки со боровинки, послужени со рикота, банана на тркалца и јаворов сируп.

Совет: Подготвеното тесто за палачинки оставете го да отстои 10-15 минути пред да ги испечете, за да добиете фина, воздушеста структура. 

3. Печени ѓевречиња со крем сирење и димена шунка.

Совет: За да го засилите вкусот, можете да додадете и THOMY Chili Прелив за јадење со чили.

4. Пржени јајца послужени со пропржени печурки, грилован домат и потпечено лепче.

Совет: Посолете ги печурките откако веќе испарила течноста, за да се задржи препознатливата структура.

5. Омлет со печурки, фета и тиквички послужен на тост леб.

Совет: Овој појадок би бил уште повкусен доколку го потпечете лебот. 

6. Пржени лепчиња послужени со поширани праски.

Совет: Додадете цимет и ванила во изматеното јајце, за да добиете варијација на француски тост.

7. Тостиран бриош леб послужен со потпржени парчиња јаболко, макадамија и мед.

Совет: Наместо макадамија, може да користите и индиски ореви или лешници. 

  • Facebook
  • Youtube
  • Контактирајте не
  • Регистрирајте се
  • Правила и услови за користење
  • Колачиња
  • Политика на приватност
  • Изјава за достапност