Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.
Skip to Main Content
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • Кампања Кампања
  • Maggi MAGGI
  • Логирај Се Логирај Се
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • Кампања Кампања
  • Maggi MAGGI
  • Логирај Се Логирај Се
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не

Што правите за авокадото побрзо да созрее

Авокадото не созрева на дрвото; овие овошја стануваат добри за користење само откако ќе се наберат. Доколку сакате да го забрзате процесот на зреење за да уживате во порција гвакамоле или друга мексиканска храна, прочитајте подолу неколку трикови што да направите за авокадото побрзо да созрее.

Како го избирате вистинското?

Првиот показател за дали авокадото е созреано или не е бојата на неговата кора. Авокадото кое е несозреано е светло зелено, а созреаното авокадо е темно зелено, понекогаш дури и темно виолетово накај црно. Во секој случај, бојата некогаш може да ве измами, па најдобро е да го земете во рака и да го стиснете внимателно. Доколку овошјето е цврсто тогаш авокадото е несозреано. Но ова не треба да ве спречи да го купите, бидејќи може да си купите несозреано авокадо и да го оставите да созрее. Важно е да го купите 4-5 дена пред да сакате да го користите.

Како авокадото созрева побрзо?

Постојат неколку начини за да го забрзате процесот на зреење на авокадото:
оставете го на собна температура, ставете го во кафеава хартија со банана, домат или јаболко; завиткајте го авокадото во весник и оставете го на собна температура; друг начин е да го завиткате во алуминиумска фолија и да го оставите неколку дена додека не ја смени бојата и цврстината;или ставете го авокадото во бело брашно, убаво затворете го пакувањето и за 3 дена ќе може да уживате во вкусно авокадо.

Како јадете созреано авокадо?

Доколку авокадото е меко и бојата на кората е темно зелена, тоа значи дека можете да ги користите во следните ден-два. Ви препорачуваме да го ставите во салати. Како го спречувате процесот на созревање на авокадото? Може да се случи да авокадото е погодно за користење, но вие сакате да го јадете за неколку дена. Во тој случај најдобро е да го ставите во фрижидер. На тој начин процесот на скапување ќе се одложи.

Исто така, доклку сакате едната половина од авокадото да ја користите по неколку дена, најдобро е да го замотате во пластична кеса, а над него да исцедите малку лимон ( го стопира оксидирањето) и да ја ставите во фрижидер.

Можеби ќе ве интересира

Свежи зеленчуци
Како да изберете свеж зеленчук
Парче леб со авокадо намаз и јајце за појадок
Идеи за појадок за викенд
  • Facebook
  • Youtube
  • Контактирајте не
  • Регистрирајте се
  • Правила и услови за користење
  • Колачиња
  • Политика на приватност