Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.
Skip to Main Content
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • Кампања Кампања
  • Maggi MAGGI
  • Логирај Се Логирај Се
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • Кампања Кампања
  • Maggi MAGGI
  • Логирај Се Логирај Се
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не
мајка и ќерка

Планирајте и заштедете време

Доброто планирање ќе ви заштеди време, па дури и пари. Како оптимално да го испланирате семејното мени? Ајде заедно да го побараме одговорот.

Никогаш нема доволно време. Затоа е добра идеја да го испланирате вашето неделно мени, особено ако имате деца. Поканете ги малите да учествуваат и во изготвувањето на планот. Ќе биде интересно за нив, а корисно за вас.

Зошто да не направите рангирање на 10-те омилени семејни јадења заедно со децата? Вклучете најмалку еден предлог од списокот секоја недела. Обидете се и со други забавни игри - претворете го вашиот дом во ресторан за еден ден. Децата можат да бидат келнери или готвачи и да ви направат убаво, авторско мени.

Зошто да планирате однапред?

1. Заштедувате време. Купувате одеднаш и не мора да одите во продавница секој ден. Дури и различните задачи за готвење може да се поделат во посебни денови.

2. Фрлате помалку производи. Со соодветна распределба, сите остатоци ќе бидат во употреба и нема да мора да фрлате храна.

3. Доколку биле вклучени во планирањето или готвењето, на децата нема да им треба втора покана за вечерата. Сепак, ова е менито кое тие го одбрале.

4. Вашето мени ќе биде многу поразновидно. Ќе имате време да откриете и да истражите нови рецепти. И доколку го вклучите целото семејство, сигурно ќе добиете неочекувано добри идеи.

Како да ги вклучите и децата?

1. Нека секој член на семејството направи рангирање на 10-те омилени јадења. Потоа направете вкупен список заедно и редовно вклучувајте јадења од него во вашето неделно мени.

2. Оставете ги децата да одлучуваат сами. Не мора вие да го испланирате целото мени. На пример, тие нека изберат кој зеленчук ќе го вклучат во менито во среда.А доколку имате повеќе деца, оставете ги сите да одлучат за еден ден од неделата.

3. Дали често користите промоции? Дозволете им на децата да ги исечат промотивни материјали и купони. И тогаш одлучете кој да го користите, а кој не.

4. Направете список на кулинарски теми што треба да ги користите најмалку еднаш неделно. Така ќе имате долгоочекувана вечер на бургери, кинеска или италијанска храна!

5. Планирајте однапред за целата наредна недела. И оставете ги децата да го изберат менито за барем еден од следните седум дена.

Прочитајте повеќе

сезонски зеленчуци
Уште неколку идеи
Совети за готвачите
Совети за готвачите
Сите на масата
Сите на масата
сезонски зеленчуци
Уште неколку идеи
  • Facebook
  • Youtube
  • Контактирајте не
  • Регистрирајте се
  • Правила и услови за користење
  • Колачиња
  • Политика на приватност