Ова јадење е оптимизирано за 5 порции. Количината и времето може да треба да бидат различни. Овде можете да најдете повеќе информации за прилагодените големини на порција
Ако количините се зголемат, времето за готвење може да се продолжи, па повторно погледнете. Користете вода и зачини најпрво и додајте повеќе подоцна ако е потребно.
Во тавче ( некое поголемо за да ги собере сите состојки ) пропжете го кромидот, додадете сечкана пиперка и грашок. Пржете кратко.
Додадете истолчен лук и домати. Продолжете со пржење мешајќи ги состојките. Додадете ги лигњите и туната и кратко пропржете.
Додадете го оризот и кратко пржете се заедно додека оризот да ги прими сите вкусови, а потоа сипете вода ( или бујон од риба доколку имате ). Водата треба да биде 2 пати повеќе од останатите состојки. Варете некои 15-ина минути со постојано мешање.
Пред самиот крај додадете ги школките и ракчињата, крчкајте неколку минути и тргнете од оган. Штом ќе ја тргнете паељата од оган исцедете сок од 1 лимон. Пријатно јадење!
Кликнавте на врска од трета страна и ќе ја напуштите страницата. Ние немаме контрола над платформите на трети страни и не ја поддржуваме ниту прифаќаме одговорноста за нив, вклучувајќи ја нивната содржина, точност или функција. Вие комуницирате со овие поврзани платформи на ваша сопствена одговорност. Ние не прифаќаме одговорност или обврска за ваквите платформи на трети страни и нивните услови на користење. Прочитајте повеќе во нашите Услови и правила на користење