
Паста со тиквички
Ова јадење е оптимизирано за 5 порции. Количината и времето може да треба да бидат различни. Овде можете да најдете повеќе информации за прилагодените големини на порција Тука
Нашите најдобри совети и трикови за прилагодена големина на порција
Ако количините се зголемат, времето за готвење може да се продолжи, па повторно погледнете. Користете вода и зачини најпрво и додајте повеќе подоцна ако е потребно.
Извадете ги состојките
Одберете ги сите состојки
Нутритивни вредности на производот
Упатство
Кромид и пилешко
5 МинТиквички
3 МинЛук
2 МинБосилек
5 МинТестенини
5 МинСервирање
10 Мин
Кромид и пилешко 6
Издинстајте главица кромид, па додадете го пилешкото кое е претходно исечено на коцкички и зачинето со MAGGI магијата на вкусот.

Тиквички 6
Во пилешкото додадете ги тиквичките исечкани на лентички.

Лук 6
Кога тиквичките ќе ја испуштат водата, додадете го лукот, истолчен и исечкан ситно.

Босилек 6
Додадете го босилекот, па оставете на среден оган додека да испари водата.

Тестенини 6
Во друг сад сварете ги тестенините. Кога водата скоро, но не целосно е испарена, додадете ја павлаката. Оставете да се крчка. Посолете.

Сервирање 6
Исцедете ги тестенините, и додадете ги во садот со преливот. Се заедно крчкајте уште 10-тина минути, додека да се соединат. Послужете со изронета фета, власец и домат.
Рецептот како PDF
ПреземетеАктивирај врска од трета страна
Кликнавте на врска од трета страна и ќе ја напуштите страницата. Ние немаме контрола над платформите на трети страни и не ја поддржуваме ниту прифаќаме одговорноста за нив, вклучувајќи ја нивната содржина, точност или функција. Вие комуницирате со овие поврзани платформи на ваша сопствена одговорност. Ние не прифаќаме одговорност или обврска за ваквите платформи на трети страни и нивните услови на користење. Прочитајте повеќе во нашите Услови и правила на користење