Ова јадење е оптимизирано за 4 порции. Количината и времето може да треба да бидат различни. Овде можете да најдете повеќе информации за прилагодените големини на порција
Ако количините се зголемат, времето за готвење може да се продолжи, па повторно погледнете. Користете вода и зачини најпрво и додајте повеќе подоцна ако е потребно.
Ситно исечкајте го магдоносот, кромидот (една главица) и лукот па добро измешајте ги во поголем сад со месото, презлата и јајцето и додадете малку MAGGI магијата на вкусот и бибер.
Од смесата месо и зачини направете топчиња и пропржете ги на масло додека да добијат златно- кафеава боја.
Месото извадете ги од тавчето па во него ставете ситно исечкан кромид и пржете додека да порумени.
Кога кромидот ќе порумени ставете во него ситно сечкано чили пиперче а потоа сос од домати.
Сосост зачинете го и оставете го да се крчка десетина минути.
Пред самиот крај во сосот ставете ги ќофтињата и динстајте уште неколку минути.
Кликнавте на врска од трета страна и ќе ја напуштите страницата. Ние немаме контрола над платформите на трети страни и не ја поддржуваме ниту прифаќаме одговорноста за нив, вклучувајќи ја нивната содржина, точност или функција. Вие комуницирате со овие поврзани платформи на ваша сопствена одговорност. Ние не прифаќаме одговорност или обврска за ваквите платформи на трети страни и нивните услови на користење. Прочитајте повеќе во нашите Услови и правила на користење