Учење на децата како да идентификуваат различни вкусови
Некои деца тешко изразуваат што сакаат, а што не сакаат да јадат, што им отежнува на родителите да го организираат оброкот. Како родител, најпрво треба да се вооружите со некои основни информации за вкусовите, а потоа да продолжете со откривање кои вкусови повеќе му се допаѓаат на вашето дете.
- Постојат 4 основни категории на вкус кои вашето дете може да научи да ги идентификува.
- Четирите категории се: слатка, солена, кисела, горчлива храна.
- Децата на возраст од 2 години лесно прават разлика помеѓу сладок и солен вкус.
- До четиригодишна возраст, можете да воведете кисела и горчлива храна.
Ајде да играме игра за тестирање на вкус!
Тестирањето на вкусот може да им помогне на децата да ги поврзат четирите основни вкусови со различна храна, а исто така може да ги запознае со разновидната исхрана.
- Одберете храна која прва ќе му ја претставите на детето на тестот за вкус. Еве општ водич, но слободно можете да додадете по свој избор:
Соленa: солени крекери, гевреци, солен путер.
Слаткa: мед, банана, манго, грозје или кое било друго зрело овошје.
Кисела: парче лимон.
Горчливa: чоколадо за готвење, сенф.
- Можете да користите калап за коцки лед и да ставите мали порции од различна храна во секоја коцка. Или можете да користите мали чинии.
- Вашите деца ќе уживаат да го претворат ова во игра, па можете да пробувате со врзани очи или да побарате од нив да ги затворат очите, а потоа да одберат храна која ќе ја пробаат.
- Охрабрете ги прво да помирисаат бидејќи мирисот е тесно поврзан со вкусот.
- Додека вашето дете џвака полека, поттикнете го да објасни што чувствува и да го препознае вкусот, така што ментално ќе го регистрира.
- Внимавајте вашето дете да се напие неколку голтки вода помеѓу вкусовите.
Претворете го јадењето во авантура
Игрите за тестирање вкус не се само забавна активност, туку се и одличен начин да ги извлечете вашите деца од нивната удобна зона кога станува збор за храната. Можете да станете креативни со видовите храна што ги презентирате на тестот за вкус - од сирење до кисели краставички, маслинки, желе, целер и многу повеќе!
Дури можете да го претворите и времето за ручек во тест за вкусови, со големи порции и широк спектар на храна!