Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.
Skip to Main Content
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • Кампања Кампања
  • Maggi MAGGI
  • Логирај Се Логирај Се
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • Кампања Кампања
  • Maggi MAGGI
  • Логирај Се Логирај Се
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не
Деца јадат овошје

Водич за здрав раст и развој

Учење на децата како да идентификуваат различни вкусови

Некои деца тешко изразуваат што сакаат, а што не сакаат да јадат, што им отежнува на родителите да го организираат оброкот. Како родител, најпрво треба да се вооружите со некои основни информации за вкусовите, а потоа да продолжете со откривање кои вкусови повеќе му се допаѓаат на вашето дете.

  1. Постојат 4 основни категории на вкус кои вашето дете може да научи да ги идентификува.
  2. Четирите категории се: слатка, солена, кисела, горчлива храна.
  3. Децата на возраст од 2 години лесно прават разлика помеѓу сладок и солен вкус.
  4. До четиригодишна возраст, можете да воведете кисела и горчлива храна.

Ајде да играме игра за тестирање на вкус!

Тестирањето на вкусот може да им помогне на децата да ги поврзат четирите основни вкусови со различна храна, а исто така може да ги запознае со разновидната исхрана.

  1. Одберете храна која прва ќе му ја претставите на детето на тестот за вкус. Еве општ водич, но слободно можете да додадете по свој избор:
    Соленa: солени крекери, гевреци, солен путер.
    Слаткa: мед, банана, манго, грозје или кое било друго зрело овошје.
    Кисела: парче лимон.
    Горчливa: чоколадо за готвење, сенф.
  2. Можете да користите калап за коцки лед и да ставите мали порции од различна храна во секоја коцка. Или можете да користите мали чинии.
  3. Вашите деца ќе уживаат да го претворат ова во игра, па можете да пробувате со врзани очи или да побарате од нив да ги затворат очите, а потоа да одберат храна која ќе ја пробаат.
  4. Охрабрете ги прво да помирисаат бидејќи мирисот е тесно поврзан со вкусот.
  5. Додека вашето дете џвака полека, поттикнете го да објасни што чувствува и да го препознае вкусот, така што ментално ќе го регистрира.
  6. Внимавајте вашето дете да се напие неколку голтки вода помеѓу вкусовите.

Претворете го јадењето во авантура

Игрите за тестирање вкус не се само забавна активност, туку се и одличен начин да ги извлечете вашите деца од нивната удобна зона кога станува збор за храната. Можете да станете креативни со видовите храна што ги презентирате на тестот за вкус - од сирење до кисели краставички, маслинки, желе, целер и многу повеќе!

Дури можете да го претворите и времето за ручек во тест за вкусови, со големи порции и широк спектар на храна!

  • Facebook
  • Youtube
  • Контактирајте не
  • Регистрирајте се
  • Правила и услови за користење
  • Колачиња
  • Политика на приватност
  • Изјава за достапност