Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.
Skip to Main Content
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • Кампања Кампања
  • Maggi MAGGI
  • Логирај Се Логирај Се
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • Кампања Кампања
  • Maggi MAGGI
  • Логирај Се Логирај Се
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не
Tиква

Tиква

Во модерната кујна, тиквата се смета за зеленчук, иако е овошен плод на растението од кое расте. Тиквата потекнува од американскиот континент, но сортите што ги среќаваме најчесто биле развиени во северна Италија во втората половина на 19 век.

Тиквата може да се најде во зелена, светло зелена и жолта боја, и може да се јаде сурова или варена. Обично, се јаде кога ќе достигне големина од 20 см; ќе порасне многу повеќе за да достигне зрелост, но веќе нема да може да се јаде. Една од придобивките на овој зеленчук е што може да замени друга храна богата со јаглехидрати и масти.

Придобивките од тиква

  • Помага при варењето на храната
  • Тиквата е многу добар извор на растителни влакна, кој помага во подобрување на варењето на храната.
  • Големата количина на вода во тиквата ја прави совршена храна за оние кои имаат проблеми со варењето.
  • Ве одржува хидрирани
  • Тиквата се состои од околу 95% вода и има голема содржина на електролити, а тоа покрај што помага при варењето може да биде и корисно за вашата кожа.
  • Балансирање на нивото на холестерол
  • Високата содржина на растителни влакна, витамин А и витамин Ц помагаат во регулирање на нивото на холестерол во организмот.
  • Извор на антиоксиданти
  • Антиоксидансите се витамини и минерали корисни за здравјето на клетките во нашето тело. Повеќето антиоксиданти во тиквата се во нејзината кора, па затоа е препорачливо да го користите секој дел од овој зеленчук.

Како можете да користите тиква?

Печени парчиња тиква

Обидете се да исечете неколку тикви така што ќе добиете форми слични на помфрит. Во сад, измешајте белка од јајце, малку млеко, рака рендан пармезан и рака трошки од леб. Додадете ги омилените зачини, а потоа извалкајте ги парчињата тиква во оваа смеса. По 25-30 минути во рерната, ќе добиете вкусен гарнир полн со витамини, што сигурно ќе им се допадне на децата!

Паста од тиква

Доколку сакате да ја намалите количината на јаглехидрати во вашата исхрана, пробајте ги тестенините од тиква. Користете додаток за ренде за да направите тенки ленти од тиквата, слични на шпагети. Сварете ги со малку маслиново масло и лук 5-7 минути, сè додека не станат “ал денте”. Овие вкусни тестенини од тиква можете да ги послужите со вашиот омилен сос.

Салата од сурова тиква

Во сад измешајте тенки парчиња тиква, неколку ливчиња нане, копар, млад кромид и фета сирење. Потоа додадете малку сок од лимон, маслиново масло, сол и бибер по вкус. Едноставна и вкусна салата!

  • Facebook
  • Youtube
  • Контактирајте не
  • Регистрирајте се
  • Правила и услови за користење
  • Колачиња
  • Политика на приватност
  • Изјава за достапност