Skip to Main Content
Maggi
Maggi
  • Пребарување
  • Рецепти
  • Статија
  • Производи
  • Кампања
  • MAGGI
  • Логирај Се
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не
Maggi
Maggi
  • Пребарување
  • Рецепти
  • Статија
  • Производи
  • Кампања
  • MAGGI
  • Логирај Се
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не
Супер супа фини содржат витамини: новите MAGGI супер супи!

Супер фини содржат витамини: новите MAGGI супер супи!

Модернотo секојдневие пред нас поставува обврски кои понекогаш е тешко да се исполнат. Правилната исхрана, грижата за себе, семејството и работните задачи секој ден пред нас поставуваат предизвици кои треба да се постигнат.

MAGGI ви доаѓа на помош за топол и вкусен оброк со новите Супер Супи.

Создадени со внимателен процес на производство и внимателно одбрани состојки MAGGI Супер Супите се збогатени со витамините Ц, Б6 и Б12, кои допринесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем.

MAGGI Супер пилешка супа 50g

MAGGI Супер пилешка супа 50g

MAGGI Супер крем супа од зеленчук 55g

MAGGI Супер крем супа од зеленчук 55g

MAGGI Супер крем супа од брокула и карфиол 57g

MAGGI Супер крем супа од брокула и карфиол 57g

Пробајте ги кремастите вкусови на супа со брокули, карфиол и спанаќ, освежувачката супа од зеленчуци со куркума или одберете го вкусот на бистра пилешка супа со ѓумбир.

Ваше е само да пробате- а MAGGI се грижи за богатството вкусови и ви помага да постигнете избалансирана исхрана преку совети.

Koraljka Novina

Прочитајте уште за придобивките од витамините Ц, Б6 и Б12, од нутриционистката на Нестле, Кораљка Новина:

Витамините Ц, Б6 и Б12 допринесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем, функционирањето на нервниот систем и нормалниот енергетски метаболизам. Исто така допринесуваат за намалување на уморот и исцрпеноста.

Разновидната, избалансирана исхрана и физичката активност како дел од добрите животни навики се многу важни.

Витамин Б12

Витаминот Б12 (цијанокобаламин) е витамин од групата Б кој е растворлив во вода. Го регулира формирањето на крвни клетки и инкорпорирањето на железо во телото. Може да се смета и за еден вид антивоспалителен витамин, бидејќи го одржува нормалното ниво на хомоцистеин - молекула која ги стимулира воспалителните процеси во организмот. Во случај на недостаток на витамин Б12, се јавува пернициозна анемија и недостаток на крвни клетки. Кај луѓето овој витамин е неопходен за здрав нервен систем и первенција на кардиоваскуларни болести. Го апсорбираме од храната од животинско потекло: месо, риба, јајца, изнутрици. Поради тоа суплементацијата на овој витамин задолжително се препорачува кај лицата кои го следат веганскиот начин на исхрана.

Витамин Ц (аскорбинска киселина)

Витаминот Ц е најпроучуваниот витамин познат како моќен антиоксиданс кој промовира одбрана на кожата и мукозните мембрани од оксидативен стрес. Има многу важни улоги во организмот: неопходен е во синтезата на колаген, помага во функцијата на одбранбениот систем на организмот преку стимулирање на активноста на белите крвни зрнца и зголемување на нивото на интерферон, одговор на антитела и лачење на тимусните хормони. Покрај тоа, помага при апсорпција на железо, а со тоа и во формирањето на црвени крвни клетки, делува како антихистамин и на тој начин може да помогне во ублажување на симптомите на алергија. За популарноста на овој витамин значителен придонес имал двојниот нобеловец д-р. Линус Полинг кој прв ја сфатил посебната важност на витаминот Ц во одржувањето на силен имунолошки систем. Денес знаеме како витаминот Ц придонесува за одбраната на организмот, бидејќи обезбедува поддршка за разни клеточни функции на вроден и стекнат имунитет.

Храната богата со витамин Ц се однесува на групи овошја и зеленчук што треба да се консумираат свежи: пиперки, брокула, агруми (грејпфрут, мандарина, портокал и лимон), но исто така и калинка и шипка. Во зимските месеци, многу популарен специјалитет е киселата зелка. Висока содржина на витамин Ц исто така имаат и карфиолот и проќељот.

Витамин Б6

Витаминот Б6 (пиридоксин) игра важна улога во одржувањето на бројни функции во нашето тело: учествува во распаѓање на протеини, производство на црвени крвни клетки, во регулирање на хормоналната активност, енергетскиот метаболизам, придонесува за нормално функционирање на имунолошкиот систем и влијае на нормалната психолошка функција. Овој витамин е неопходен за размножување на клетките, затоа игра важна улога во правилната функција на имунолошкиот систем, мукозните мембрани, кожата, црвените крвни зрнца и функцијата на мозокот и за време на бременоста. Широко е расоростанет во храната, а најдобри извори на овој витамин се интегралните житарки, јаткастите плодови и мешунките.

 

Office of Dietary Supplements; ODS, Office of Disease Prevention, Office of Director, National Institutes of Health, Department of Health and Human Services USA link: Vitamin B12 - Consumer (nih.gov) // Vitamin B6 - Health Professional Fact Sheet (nih.gov) // Balz F. Antioxidant vitamins and heart disease. Presented at the 60th Annual Biology Colloquium, Oregon State University, Corvallis, Oregon, February 25, 1999. // Hemilä H. Does vitamin C alleviate the symptoms of the common cold? A review of current evidence. Scand J Infect Dis 1994;26:1–6.
  • Facebook
  • Youtube
  • Контактирајте не
  • Правила и услови за користење
  • Колачиња
  • Политика на приватност