Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.

Јадење надвор, палење на скарата и уживање во секој сончев зрак. Кога времето е убаво, нема нешто што повеќе би сакале да правиме! Во градина или во парк. На скара можете да подготвите многу повеќе од сате и хамбургер. На пример, зеленчук на скара, кој е толку вкусен со салата или кога се јаде само така! А и рибата е многу вкусна кога е подготвена на скара. Не сте експерт? Ние ќе ви дадеме неколку совети за да ја направите совршена следната скара!

1. Ќумурот брзо се загрева, но и брзо се лади. Брикети: се загреваат побавно, но ја задржуваат топлината подолго време.

2. Не го прободувајте месото за да го превртите. Со боцкање месото ја губи влажноста и се суши.

3. Исечете го месото и зеленчукот за скара на парчиња со еднаква големина. На тој начин се ќе се зготви истовремено.

4. За на скара е добар следниот зеленчук: пиперки, тиквички, модар патлиџан и пченка.

5. Употребете половина лимон за чистење на решетката: истријте ја решетката со исечениот лимон. На овој начин ќе бидете сигурни дека се неутрализирал вкусот од претходните јадења што биле на скарата. На пример, вашето парче месо нема да има вкус на риба.

6. Не оставајте го живото месо надвор долго, извадете го на отворено само кога треба да го ставите на скарата. Чувајте го на ладно. Месото најдобро се готви на скара кога е на собна температура.

7. Не вртете го месото премногу често, но дајте му време да порумени.

8. Малку исушете го месото пред да го ставите на скара. Месото што е премногу влажно може да предизвика пламен.

9. Не ставајте сол на месото од претходно. Солта ја вади влагата од месото, поради што е помала веројатноста месото да зарумени.

10. Како лесно да се исчисти скарата? Поставете ја решетката во тревата по употребата. Следното утро најголемиот дел од нечистотијата ќе биде измиена од утринската роса.

Скара и многу забава!