Повторно е она време од годината кога полиците на фрижидерот едвај ја издржуваат тежината на храната што не се искористи на празничниот ден. И бидејќи никој од нас не сака да додаде на веќе огромната количина на храна што се фрла секоја година, време е да откриеме што да правиме со сето она што ни останува.
Првото нешто што треба да го направите е да видите што може да се подели и замрзне. Иако остатоците можат да бидат вкусни, никој не сака да ги јаде секој ден. Затоа замрзнете ја храната која знаете дека нема да се изеде во текот на следната недела.
Откако ќе направите малку простор во фрижидерот, добро е да направите и план за јадење или мени за да го искористите она што останало.
Клучот за добар план за јадење е да имате различни видови храна секој ден и да бидете едноставни. И еден од наједноставните начини да се користи остаток од месото или зеленчукот е во пита. Само додадете бел сос или сирење на зеленчукот, шунка или пилешко. Направете го истото со говедското или јагнешкото месо, само користете поинаков сос.
На тема пире од компири, ова се едни од омилените остатоци, кои се толку разноврсни. Може лесно да ги претворите во крокети, да им додадете шунка на коцки, варено пилешко или мисиркино месо и едноставно да ги извалкате во лебни трошки. Кога подготвувате пире вреди да направите малку повеќе само за да ви остане!
Уште нешто што може да се направи со остатоците е претворање на варен ориз во пржен. Или, претворање на печениот зеленчук во гурманска салата, со само малку балсамико, неколку ливчиња рукола и фета сирење. И, ако сè уште имате остатоци во задниот дел од вашиот фрижидер, исецкајте сè што ви останува на парчиња со големина на залак, ставете го на турски или сличен леб, додадете малку сладок чили сос, сирење и ставете го во загреана рерна 10 минути. Вкусно!