Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.
Skip to Main Content
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • Кампања Кампања
  • Maggi MAGGI
  • Логирај Се Логирај Се
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • Кампања Кампања
  • Maggi MAGGI
  • Логирај Се Логирај Се
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не
Сечкање зеленчук на даска

Сечкајте како професионалец со овие 6 едноставни трикови

Сечкањето е основна вештина во готвењето, а ако сечкате правилно побрзо ќе го подготвите јадењето и тоа ќе биде многу подобро. Ножевите се алат за сечкање, но не се единствен. Да погледнеме уште кои други алати може да ги користите за да сечкате како професионалец.

1. Зачинските билки сечкајте ги со мезалуна

Тешко ви е да ги сечкате зачинските билки со нож? Се сложуваме! Пробајте мезалуна на рузмарин. Ќе видите колку е брзо и едноставно, а целото зеленило ќе се претвори во фино сечкано совршенство.

2. Сечете ги зачинските билки со ножици:

Ова можe да го користите кога зачинските билки не ви служат за декорација. Само ставете ги во сад, како цвеќе во вазна и сечкајте ги ливчињата со кујнски ножици.

3. Сечкајте го зеленчукот со нож за пица

Да, овој алат не се користи само за тесто и пица. Со него лесно можете да исечете пиперки, моркови, а краставиците дури и на листови.

4. Сечкање на шери домати

Нека дигне рака оној кој се мачел да исече шери домати или грозје. Имаме решение. Сите тие лизгави состојки може да ги ставите помеѓу 2 даски. Така ќе се осигурате дека нема да се мрдаат ( не ги притискајте многу силно за да не ги згмечите ). Со нож поминете помеѓу двете даски и ќе добиете 2 совршени половини.

5. Сечење лубеница:

Како да ја послужите лубеницата? Послужете ја на коцки и вашите гости нема да морат да ја сечат самите на кришки и да се накапат. Еве како може да го направите тоа. Отсечете малку од врвот и дното на лубеницата, а потоа продолжете со лупење - ќе ви треба поголем нож. Потоа пресечете ја на пола, а потоа на еднакви делови. Деловите наредете ги на даска за сечкање и исечете коцки.

6. Совршени ленти

Сечкањето на зеленчук како морков и тиквица на ленти, како би ги додале во нудли е доста тешко, но постои решение за тоа. Прво, пресечете го зеленчукот на пола, а потоа со ножот направете длабоки резови преку секоја половина. Резовите направете ги толкави колку што сакате да ви бидат лентите. Потоа земете лупачка и излупете ги лентите.

  • Facebook
  • Youtube
  • Контактирајте не
  • Регистрирајте се
  • Правила и услови за користење
  • Колачиња
  • Политика на приватност