Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.
Skip to Main Content
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • Кампања Кампања
  • Maggi MAGGI
  • Логирај Се Логирај Се
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • Кампања Кампања
  • Maggi MAGGI
  • Логирај Се Логирај Се
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не
Рагу

Рагу

Рагу е сос кој најчесто се користи за тестенини и може да има неколку варијанти, во зависност од количината на состојките и како се користат. Во споредба со другите сосови за паста за кои основата е сос од домати или пак павлака, главната состојка на рагу сосот е месото.

Сосот рагу е измислен во 18 век од италијанецот Алберто Алвиси, а со текот на времето достигнал многу варијанти. Иако најчесто се служи со паста, рагу е исто така совршен за лазања, а некои луѓе го користат како основа за чили и мусака.

Една од најпознатите варијанти на рагу е сосот што веројатно добро го знаете: болоњезе. За овој рецепт потребни ви се вистинските тестенини и неколку состојки кои можат да претворат чинија шпагети болоњезе во нешто ново.

Состојки:

2 главици кромид со средна големина, ситно сечкани; 2 ситно сечкани моркови; 2 ситно сечкани стебленца целер; 2 чешниња лук; 500 гр. мелено говедско месо; околу 2 лименки сос од домати; 2 лажици доматно пире; неколку домати исечени на мали парчиња; 125 мл. црвено вино и ароматични билки: 2 гранчиња рузмарин, 1 лажичка суво оригано, 2 свежи листови ловор.

Прво испржете ги кромидот, морковот, целерот, лукот и рузмаринот во лажица маслиново масло. Додадете го месото и кога ќе се зготви целосно додадете ги и останатите состојки. Потребното време за готвење е околу 1 час и 15 минути, а се што треба да направите е да мешате од време на време. Гответе додека не добиете густ сос и потоа уживајте во совршена порција шпагети!

Ако сакате малку магија во вашиот сос болоњезе, во сосот додадете лажица инстант кафе или ставете малку сланина со зеленчукот.

  • Facebook
  • Youtube
  • Контактирајте не
  • Регистрирајте се
  • Правила и услови за користење
  • Колачиња
  • Политика на приватност