Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.
Skip to Main Content
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • Кампања Кампања
  • Maggi MAGGI
  • Логирај Се Логирај Се
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • Кампања Кампања
  • Maggi MAGGI
  • Логирај Се Логирај Се
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не

Како правилно да готвите аспарагус

Аспарагусот е лесен за готвење и му дава посебна нота на секој оброк. Не е чудно што кога ќе го најјдеме свеж на пазарот ни преставува вистинско задоволство . Можеби не сте знаеле, но можете да најдете аспарагус во три бои: зелена, виолетова и бела боја. Но, без разлика на бојата, постојат различни методи на готвење аспарагус.

Како да готвиме аспарагус?

Аспарагус на пареа
Можете да користите готвач на пареа за да добиете вкусен, нискокалоричен, аспарагус без маснотии.

2. Варен
Аспарагус може да се готви многу лесно со вриење. Доколку не го сервирате веднаш, ставете го во сад со мраз за да ја задржи зелената боја. Во некои рецепти се препорачува аспарагусот да се свари делумно, да се излади со мраз и потоа целосно да се свари. Кога варите аспарагус, треба да го ставите во големо тенџере и да го покриете со неколку сантиметри вода. Покријте го садот со капак и оставете да зоврие.

3. Печен
Ставете го аспарагусот во тава за печење и печете на висока температура. Кога готвите аспарагус во рерната, ќе добиете карамелизиран деликатес со подлабок вкус. Треба да имате во предвид дека врвовите може да му станат кафеави поради топлината.

4. Пржен
Ставете го аспарагусот во тава со масло или путер, додадете малку лук и ќе добиете совршен гарнир.

5. На скара
Да, аспарагус може да се готви и на скара, но ви треба посебен сад. На скара аспарагусот ќе добие посебна арома. Можете да го ставите на скарата во послужавник.

Без оглед методод на готвење кој ќе одберете, не заборавајте дека е добро да го извадите аспарагусот од огнот кога е скоро подготвен затоа што и тогаш продолжува да се готви.


Пред да започнете да готвите аспарагус, ќе мора да го припремите. Еве како:
Важен чекор пред да започнете со готвење на аспарагусот е да го скршите стебленцето. Можете да користите нож или тоа да го направите со раце.- Ако вашиот аспарагус е подебел, можете да го излупите со лупачка. Некои готвачи се одлучуваат за отстранување на ливчињата. Наше мислење е дека доколку ливчињата се мали и не се многу цврсти можете да ги оставите.

Можеби ќе ве интересира

Свежи зеленчуци
Како да изберете свеж зеленчук
Супа за твојата екипа!
Супа за твојата екипа!
Уживајте во замрзнат зеленчук и овошје направени дома
Уживајте во замрзнат зеленчук и овошје направени дома
  • Facebook
  • Youtube
  • Контактирајте не
  • Регистрирајте се
  • Правила и услови за користење
  • Колачиња
  • Политика на приватност