Се разбира, одговорот може да го побарате на Интернет. Но, понекогаш има повеќе прашања отколку решенија. Затоа - еве два брзи и едноставни методи.
Оладени јајца
Оставете вода да зоврие. Ставете тенџере на друга рингла, доволно големо за да ги собере сите јајца.
Внимателно ставете ги јајцата, без оние што се распукани. Истурете ја водата, но не директно на јајцата. Вклучете го шпоретот и оставете водата да зоврие, а потоа нека врие 10 минути.
Тргнете го тенџерето од оган и исцедете ја водата, а потоа исплакнете ги јајцата со ладна вода и оставете да се изладат 10 минути. Истурете ја водата повторно и видете колку лесно се одделува лушпата.
Јајца на собна температура
Ставете тенџере на шпоретот, доволно големo за да ги собере сите јајца.
Ставете ги јајцата во тенџерето, без оние што имаат пукнатини. Покријте ги со вода и варете 8 минути.