Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.
Skip to Main Content
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • Кампања Кампања
  • Maggi MAGGI
  • Логирај Се Логирај Се
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • Кампања Кампања
  • Maggi MAGGI
  • Логирај Се Логирај Се
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не

Како да ги добиете највкусните полнети пиперки

Шпанците готват пиперки полнети со киноа, грците со маслинки, билки и оригано, мексиканците со сирење, и либанците користат кафеав ориз и ореви. Македонците подготвуваат пиперки полнети со месо и ориз . Иако сигурно добро ви е познат овој рецепт, еве неколку совети кои веројатно не сте ги знаеле.

1. Чувајте ги горните делови од пиперките и користете ги за да ги затворите полнетите пиперки пред да ги ставите во тавата за печење. Ако одберете да користите нешто друго за затворање, на пример парчиња домати, горните делови на пиперките можете да ги додадете директно во тавата за дополнителен вкус.

2. Користете округла тава кога готвите полнети пиперки. Така пиперките ќе изгледаат подобро.

3. Ако имате само неколку полнети пиперки и сакате да избегнете нивно истурање во тавата, секоја пиперка можете да ја ставите во калап за мафини.
Може и да ги послужите во калапите.


4. Традиционално, секој го сече горниот дел од пиперките, но треба да знаете дека можете да ги исечете и во друга форма. Одлучете се за модерната опција за сечење пиперка, на половина надолжно. На тој начин не само што пиперките ќе изгледаат многу подобро, туку ќе биде полесно и побрзо да се полнат, а и ќе бидат подготвени многу побрзо.

5. Кога полнењето за пиперките не е целостно зготвено, внимавајте да не ставате премногу од него во пиперката и оставете простор за да се зготви рамномерно.

6. Бидејќи во повеќето случаи, полнењето за пиперките е направено претходно, може да се одлучите и за претходно готвење и на самите пиперки. На овој начин не ризикувате да се исуши полнењето и исто така заштедувате на време. Доколку одлучите да ја примените оваа нова техника, тогаш треба да знаете дека можете да ги подготвите пиперките однапред на два начини:
- Ставете ги пиперките неколку минути во рерна, или
- Загрејте ги неколку минути во микробранова печка

  • Facebook
  • Youtube
  • Контактирајте не
  • Регистрирајте се
  • Правила и услови за користење
  • Колачиња
  • Политика на приватност