Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.

Интересни факти за љубителите на супа:

Тема која направи светот да се подели во табори. Еве неколку интересни факти за консумирањето на супа кои може да ви бидат интересни.

1. Дали знаете дека на англискиот јазик луѓето кажуваат дека јадат супа, додека во арапскиот свет кажуваат дека ја пијат. Па можеби не постои правило запишано на каменот како да се консумира. Уживајте во неа како што сакате- со лажица или едноставно пијте ја од чинијата! Никој не може да ви забрани.

2. Според бон-тон, сосема е во ред да ја навалите чинијата кога супата е при крајот како би ja собрале целосно. Само немојте да ја превртите чинијата. Тоа не е по бон-тон.

3. Некои супи се сервираат на специфични начини. На пример, пилешката супа со пченка секогаш треба да се служи во дебела, длабока чинија. Ваквата чинија подолго ја задржува топлината, така што кремастата сума и пченката нема да се оладат пребрзо.

4. Ова сигурно не сте го знаеле. Не е пристојно лажицата со супа да ви биде наполнета до врвот додека јадете. Треба да биде наполнета 75%. Но тоа само кога некој гледа. Во спротивно, слободно наполнете ја целосно.

5. Дали ви е доволно од факти за супата? Еве уште еден. Дувањето во лажицата со супа пред да јадете е големо НЕ ТРЕБА. Она што можете да го направите наместо тоа е да ја држите лажицата неколку секунди пред да јадете. Со тоа би требало супата малку да се олади. Еден тест на трпение!

Сега кога поминавме низ неколку правила поврзани со консумирањето супа, нели сте барем малку заинтересирани за вистинските корени и потеклото на супата?