Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.
Skip to Main Content
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • Кампања Кампања
  • Maggi MAGGI
  • Логирај Се Логирај Се
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • Кампања Кампања
  • Maggi MAGGI
  • Логирај Се Логирај Се
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не
Ескалоп

Ескалоп

Ескалоп е начин на готвење на месото за да се намали времето за готвење и месото да се задржи посочно. Парчињата месо се валкаат во смеса од јајца и млеко, а потоа во брашно и се подготвуваат во масло. Ескалапот може да се сервира со различни сосови и со вашиот омилен гарнир.

За подготовка на ескалоп се користи месо без коска кое се сече на тенки парчиња. Месото може да биде говедско, свинско или пилешко и треба да биде тепано со чекан за месо. Преку овој процес, месото станува меко и потребно му е пократко време за да се зготви.

Обично, парчињата месо се валкаат во смеса од матени јајца со малку млеко, а потоа во брашно со зачини. Можете да изберете лути или ароматични зачини, во зависност од вашите вкусови или од гарнирот што ќе го подготвите. На пример, можете да користите само сол и бибер или пак можете да експериментирате со ѓумбир во прав, кари во прав или црвен пипер. Можете на крајот да ги извалкате парчињата месо во презла за поголема крцкавост, а потоа ги пржите во врело масло.

Совршениот гарнир за ескалоп зависи од користените зачини, но и од видот на месото. На пример, комбинацијата на ескалоп од свинско месо и печурки е класика, но печурки во сос од павлака се совршени за ескалоп од пилешко. Или пак можете да ги замените печурките со вашиот омилен зеленчук на скара или со салата од корени.

Популарен начин за сервирање на ескалопот е со сос, кој обично се готви со гарнирот, а на крајот се додаваат парчињата месо, така што сите вкусови ќе се измешаат заедно. Обично, сосот од домати или павлака се најдобриот избор.

  • Facebook
  • Youtube
  • Контактирајте не
  • Регистрирајте се
  • Правила и услови за користење
  • Колачиња
  • Политика на приватност
  • Изјава за достапност