Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.
Skip to Main Content
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • Кампања Кампања
  • Maggi MAGGI
  • Логирај Се Логирај Се
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • Кампања Кампања
  • Maggi MAGGI
  • Логирај Се Логирај Се
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не
"Ал денте"

"Ал денте"

"Ал денте" е термин кој потекнува од италијанскиот јазик и се однесува на текстурата на тестенините или оризот откако ќе се зготват." Ал дентe" значи меки од надвор и малку потврди одвнатре - и според најдобрите готвачи на светот, ова е текстура на совршени тестенини!

Без оглед на тестенините што ги купувате, најчесто препорачаното време за готвење е напишано на нивното пакување. Но, најдобро е да му верувате на вашиот инстинкт за готвење. Следејќи ги чекорите подолу и ќе бидете сигурни дека вашата паста е секој пат совршена.

Како да добиете совршени тестенини?

Пастата е прилично едноставна за подготовка, но ако обрнете внимание на деталите, од нешто вообичаено можете да ја претворите во нешто посебно за вас и вашите најблиски.

1. Прво, треба да бидете сигурни дека ќе ги изберете вистинските тестенини за вашиот сос. На пример, можете да користите шпагети за фини сосови со павлака или пак пене за печени тестенини со зеленчук или месо;

2. Изберете пошироко тенџере за вашата паста и додадете повеќе вода - на тој начин ќе бидете сигурни дека целата паста ќе се свари рамномерно;

3. Можете да додадете сол во водата пред или откако ќе зоврие - за ова мислењата се поделени, но можете да експериментирате за да видите дали ќе има разлика за вас;

4. Важно е да почекате водата да зоврие пред да ги додадете тестенините!

5. Не ја напуштајте кујната додека вашите тестенини се варат, затоа што е важно да ги мешате од време на време.

6. Проверете ги тестенините околу две минути пред да помине препорачното време од пакувањето. Ако тестенините ви се меки однадвор, а се со потврда текстура одвнатре, тогаш тие се “ал дентe” и се подготвени!

7. Чувајте чаша вода во која сте ја готвеле пастата - таа ќе му даде посебна текстура на вашиот сос и ќе го згусне без да има потреба од додавање брашно или други состојки;

8. Измешајте ги тестенините со сосот.

Уживајте во оброкот!

  • Facebook
  • Youtube
  • Контактирајте не
  • Регистрирајте се
  • Правила и услови за користење
  • Колачиња
  • Политика на приватност