Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.
Skip to Main Content
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • thomy-icon THOMY
  • Maggi Logo MAGGI
  • Кампања Кампања
  • Логирај Се Логирај Се
  • THOMY
  • THOMY производи
  • THOMY Squeeeeze
  • THOMY рецепти
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • thomy-icon THOMY
  • Maggi Logo MAGGI
  • Кампања Кампања
  • Логирај Се Логирај Се
  • THOMY
  • THOMY производи
  • THOMY Squeeeeze
  • THOMY рецепти
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не

Само еден THOMY Squeeeeze!

И „МЕХ“ станува „МММММ“!

Од „мех“.

До „мммммм“.

Понекогаш за таа разлика се потребни само неколку секунди.

Малку повеќе вкус. Малку повеќе карактер. Малку повеќе од она поради кое секој залак станува поинтересен.

Затоа што понекогаш не е потребен нов рецепт, комплицирана подготовка или десет дополнителни состојки. Понекогаш е доволен само еден потег. Еден THOMY squeeeeze. Оној завршен допир што обичниот оброк го претвора во оброк на кој му се враќате за уште еден залак.

Токму затоа омилените THOMY сосови доаѓаат во ново, помодерно и попрактично пакување, кое совршено се вклопува во секојдневниот живот, исто толку лесно како и во вашите омилени оброци.

Новото пакување од 160 g го носи токму она што ви е потребно – доволно за да уживате во омилените вкусови, без големи пакувања што заземаат место во фрижидерот. Компактно, практично и подготвено за секој бургер, помфрит, тортиља, сендвич или за секој залак на кој му недостасува завршниот допир.

Затоа што не секој оброк е ремек-дело уште од самиот почеток.

Но, со само еден THOMY squeeeeze, секој има потенцијал да стане таков.

THOMY Chilli, Пелив за јадења со чили

За оние што сакаат вкус со малку повеќе став.

Дознај повеќе!

Инспирирана е од омилените вкусови на street food кујната кои секој оброк го прават посебен и поинтересен – без дополнителен труд. Кремастата текстура и пријатната пикантност на чилито создаваат совршен баланс на вкусови што го збогатува секое јадење.

Најчесто се послужува со јадења на скара, тортиљи и хамбургери, но и во салати и за подготовка на сендвичи. Одлична е и како street food сос за начос и чипс бидејќи им дава на јадењата интензивен, пикантен и незаборавен карактер.

THOMY лесен мајонез со чили совршено се комбинира со пилешко месо, помфрит, домашен печен компир и различни видови месо, претворајќи ги едноставните јадења во омилени street food специјалитети со богат вкус.

Доволно лут за да го забележите, доволно избалансиран за да посакате уште еден залак.

Кога сакате секојдневниот оброк да добие малку повеќе карактер, доволен е само еден squeeeeeeze.

THOMY Tartar Прелив за јадење со кисели краставички

Некои класици никогаш не излегуваат од мода.

Дознај повеќе!

Користете го кога сакате да додадете малку зачинетост на јадењето без подготовка на сос од почеток: со сувомесни производи, нарезоци, тврдо варени јајца, риба и различни грицки. Одлично функционира и како „врска“ во сендвичи и врапови – наместо путер или THOMY мајонез кога сакате поизразен билен и зеленчуков вкус. Идеален е и како сос за начос и чипс.

Добивате кадифена основа со додаток од кисели краставички што се чувствуваат во секој залак. Токму затоа THOMY Тартар сосот со кисели краставички не е „рамен“ – има карактер и текстура на тартар сос и добро се задржува на сендвич или јајце.

Најчесто се користи со риба, јадења на скара, во салати, ладни плати и при подготовка на сендвичи, но и како совршен street food сос, односно крцкав дип што им дава на јадењата интензивен и незаборавен вкус.

Како да го користите THOMY Тартар за најдобар вкус?

За сендвичи: намачкајте тенок слој и додадете нарезок, печено пилешко месо или јајце.

Со јајца: послужете една лажичка сос од страна (полесно е да се контролира количината) или измешајте го со ситно сечкани јајца за вкусен намаз за сендвичи.

Со риба и грицки: користете го како дип за рибни стапчиња, харинга или свеж/паниран зеленчук.

Сигурен избор за сите оние моменти кога знаете што сакате и не сакате компромиси.

Зашто за некои комбинации едноставно не постои замена.

THOMY Burger Прелив за јадење

Создаден за бургери, но одличен за многу повеќе.

Дознај повеќе!

Инспириран од автентични street food вкусови, најчесто се користи со бургери, јадења на скара, при подготовка на сендвичи или како разновиден дип. Идеален е додаток на сочни бургери и други street food специјалитети бидејќи им дава на јадењата интензивен и незаборавен вкус, препознатлив од омилените street food локации.

Овој прелив на база на мајонез совршено се комбинира и со пилешко месо, помфрит, домашно печен компир и месо, како и со други брзи и креативни оброци.

THOMY Burger, со својата кремаста текстура и избалансирани зачини, нуди моменти на вистинско уживање.

Комбинацијата од домат, сенф и зачини му го дава на секој бургер оној „Мммм“ момент, а воедно ги збогатува и сендвичите, stir-fry јадењата или помфритот.

Тоа е состојката што ги поврзува сите вкусови во една целина и прави секој залак да биде токму онаков каков што треба да биде.

Зашто понекогаш токму завршниот детал ја прави најголемата разлика.

THOMY Garlic Прелив за јадењe со лук

За љубителите на лукот и за сите што уживаат во интензивен, богат вкус.

Дознај повеќе!

Инспирирана од омилените street food вкусови, оваа лесна мајонеза со лук го претвора секој оброк во мало гурманско доживување – без дополнителен труд.

Совршено избалансираната комбинација од нежна кремастост и ароматичен лук носи полн и заокружен вкус што освојува уште со првиот залак. Љубовта кон лукот тука добива нова димензија – интензивна, но пријатно избалансирана и долготрајна.

Со што се комбинира?

THOMY Garlic, лесен мајонез со лук, е совршен завршен додаток на речиси секое јадење. Одлично се комбинира со тврдо варени јајца и лесни оброци, риба и морски плодови, свеж леб, компир салата и крцкав зеленчук.

Особено доаѓа до израз во street food комбинации – бургери, стекови на скара, тортиљи и врапови – каде дополнително го нагласува богатството на вкусовите и додава кремаст завршеток.

Оваа THOMY лесна мајонеза со лук совршено се вклопува со месо, помфрит и домашно печен компир, претворајќи го секој залак во вистинско street food искуство со карактер.

Нејзината кремаста текстура и препознатлив вкус лесно го претвораат едноставниот оброк во нешто многу поинтересно.

Само едно squeeeeeeze и секој залак добива нова димензија.

Пронајдете ја вашата следна омилена комбинација

Понекогаш ви треба нов рецепт.

Понекогаш ви треба само нов вкус.

Истражете ги нашите рецепти и откријте како само едно THOMY squeeeeeeze може да ги претвори секојдневните оброци во моменти вредни за уживање.

Од брзи ручеци и едноставни вечери до бургери, тортиљи, сендвичи и идеи за споделување со пријателите — инспирацијата ве чека веднаш подолу.

Прелистајте ги нашите рецепти, пронајдете го вашиот фаворит и претворете го секое „мех“ во едно големо, задоволно:

MMMMMM.

Откријте ги THOMY рецептите сега!

Подготвени за кулинарски авантури?! Со рецептите на THOMY, готвењето станува вистинска забава! Без разлика дали брзате или сакате да се опуштите и да уживате во кујната, нашите рецепти се тука да ви помогнат да го направите секој оброк брз, вкусен и посебен. Додадете малку THOMY магија и направете го секој момент на масата незаборавен!
Прочитај повеќе
Откријте ги придобивките само за регистрираните корисници!

Откријте ги придобивките само за регистрираните корисници!

Придружете ни се! По регистрацијата, превземете ја вашата MAGGI е-брошурата за кујна со со нула отпад! Едонствената е-брошура има совети како да го планирате пазарењето и да ја организирате кујната согласно вашите очекувања. По регистрацијата превземете ја е-брошурата која ја припремивме за вас.
РЕГИСТРИРАЈ СЕ
maggi ciam makedonija full teaser

Зачекорете во светот на THOMY уште денес!

Билтен направен според вашиот вкус

Регистрирајте се сега
  • Facebook
  • Youtube
  • Контактирајте не
  • Регистрирајте се
  • Правила и услови за користење
  • Колачиња
  • Политика на приватност
  • Изјава за достапност