Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.
Skip to Main Content
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • thomy-icon THOMY
  • Maggi Logo MAGGI
  • Кампања Кампања
  • Логирај Се Логирај Се
  • THOMY
  • THOMY производи
  • THOMY рецепти
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • thomy-icon THOMY
  • Maggi Logo MAGGI
  • Кампања Кампања
  • Логирај Се Логирај Се
  • THOMY
  • THOMY производи
  • THOMY рецепти
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не

Вкусот на победата: MAGGI е новиот сојузник на македонскиот ракомет

Ракометот одамна не е само спорт, туку симбол на македонската упорност, борбеност и гордост. А од денес, покрај играчите, тренерите и навивачите, на таа приказна ѝ се приклучува и еден нов партнер - MAGGI, бренд кој со децении е дел од светските трпези и секојдневни моменти. 

Денес, на прес-конференцијата во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), беше најавено новото партнерство кое го поврзува вкусот и спортот, кујната и арената, семејството и тимот. MAGGI, бренд препознатлив по своите супи, бујони, зачини, тестенини и други додатоци во исхраната, станува официјален спонзор на РФМ, носејќи порака дека заедништвото е најважниот рецепт за успех. 

MAGGI_RFM sponzorstvo_2

Александар Стефанов, претседател на РФМ истакна: „Партнерството со MAGGI е уште еден доказ дека македонскиот ракомет продолжува да расте и да обединува. Заедно со овој бренд, кој е симбол на топлина и вкус, ја спојуваме спортската енергија со семејните вредности и секојдневието на нашите навивачи. Убеден сум дека оваа соработка ќе донесе многу позитивни приказни и нови победи.“

MAGGI_RFM sponzorstvo_3

„Најголемиот светски прехранбен бренд MAGGI е присутен во Македонија не само во кујните и на семејните трпези, туку добро знае и што тука најмногу сакаме покрај добрата храна, а тоа е ракометот. Затоа решивме со сето срце да го поддржиме омилениот локален спорт и нашата сјајна репрезентација во нивните победи. Со спортот одат и духот на заедништвото и здравите навики, а токму во тоа цврсто верува MAGGI,“ изјави Рената Матушиновиќ, генерален директор за категоријата храна за Југоисточна Европа во компанијата Nestlé.

MAGGI_RFM sponzorstvo_4

Но приказната не завршува тука. Зад името и логото стои и едно големо срце - Nestlé, долгогодишен партнер и донатор на Банката за храна на Македонија. Тоа значи дека истата рака што го поддржува спортот, истата енергија што ги бодри ракометарите, ја носи и топлината во домовите на оние на кои им е најпотребна.

MAGGI_RFM sponzorstvo_5

Со ова партнерство, MAGGI уште еднаш потврдува дека храната може да значи многу повеќе од вкус - може да биде поттик, поддршка и симбол на заедништво.

А тоа е приказна со длабоки корени - MAGGI е присутен во Македонија повеќе од 20 години, станувајќи дел од секојдневните навики, семејните оброци и моментите што остануваат во сеќавање.

Денес, таа традиција добива нова димензија - преку поддршката на спортот и заедницата.

MAGGI_RFM sponzorstvo_6
maggi ciam makedonija full teaser

Зачекорете во светот на MAGGI уште денес!

Билтен направен според вашиот вкус

Регистрирајте се сега
maggi_nmk_handball_pwg_lp_banner

СО СРЦЕ ДО ПОБЕДА! ЗАЕДНО ВО ДАНСКА!

Навивајте со срце и добијте шанса да ја поддржувате нашата ракометна репрезентација во живо на Европското првенство во Данска! Со MAGGI, секој оброк ве доближува до незаборавно искуство. Стигни на едноставен начин до победа, а со секое купување на MAGGI биди поблиску до Данска.
Како да учествуваш?
  • Facebook
  • Youtube
  • Контактирајте не
  • Регистрирајте се
  • Правила и услови за користење
  • Колачиња
  • Политика на приватност
  • Изјава за достапност