Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.
Skip to Main Content
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • thomy-icon THOMY
  • Maggi Logo MAGGI
  • Кампања Кампања
  • Логирај Се Логирај Се
  • THOMY
  • THOMY производи
  • THOMY Squeeeeze
  • THOMY рецепти
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не
Maggi
Maggi
  • Пребарување Пребарување
  • Рецепти Рецепти
  • Статија Статија
  • Производи Производи
  • thomy-icon THOMY
  • Maggi Logo MAGGI
  • Кампања Кампања
  • Логирај Се Логирај Се
  • THOMY
  • THOMY производи
  • THOMY Squeeeeze
  • THOMY рецепти
  • Историја
  • FAQ
  • Контактирајте не
Освежителни ледени стапчиња со јагода и грчки јогурт

Освежителни ледени стапчиња со јагода и грчки јогурт

(0)
510 Мин
Лесно
Освежителните ледени стапчиња со јагода и грчки јогурт се совршен избор за топлите летни денови, но во овој разновиден рецепт може да уживате во текот на целата година. Подготвени со свежи јагоди, кремаст грчки јогурт и крцкава гранола, овие ледени стапчиња ги спојуваат едноставните состојки во вкусен и хранлив домашен десерт.

Тајната на нивниот богат вкус лежи во комбинацијата од домашен компот од јагоди и кремаста основа од грчки јогурт. Јагодите нежно се варат за да ја ослободат својата полна арома, додека грчкиот јогурт и медот создаваат совршен баланс помеѓу сладоста и освежителната киселкаста нота.

Гранолата додава пријатна крцкавост во секој слој. Едноставни, разновидни и лесни за подготовка, овие ледени стапчиња се идеални за брз појадок, освежителна ужина или омилен семеен десерт.

Состојки

8

Ова јадење е оптимизирано за 8 порции. Количината и времето може да треба да бидат различни. Овде можете да најдете повеќе информации за прилагодените големини на порција

ingredient_quantity
recipe ingredient
2  чаши
Свежи јагоди
3  лажици
Кристален шеќер
1  чаша
Обичен грчки јогурт или грчки јогурт со вкус на кокос
0.25  чаша
Павлака за готвење
1  капка
Екстракт од ванила
2  лажици
Мед
0.5  чаша
Гранола
Копирајте

Нашите најдобри совети и трикови за прилагодена големина на порција

Ако количините се зголемат, времето за готвење може да се продолжи, па повторно погледнете. Користете вода и зачини најпрво и додајте повеќе подоцна ако е потребно.

Извадете ги состојките

Одберете ги сите состојки

Копирајте
.

Нутритивни вредности на производот

Јаглехидрати
14 g
Енергија
84.3 kcal
Масти
1.8 g
Протеини
4 g
Информации по порција

Упатство

510 Минути
  • Подгответе ги јагодите

    10 Мин
    Во мало тенџере ставете ги свежите јагоди исечени на парчиња и додајте го кристалниот шеќер. Добро измешајте за јагодите рамномерно да се обложат со шеќерот, а потоа оставете ја смесата да отстои околу 10 минути на собна температура за јагодите да го пуштат својот природен сок. По потреба, додајте уште малку шеќер, во зависност од тоа колку се слатки јагодите. Освежителни ледени стапчиња со јагода и грчки јогурт
  • Подгответе го преливот од јагоди

    8 Мин
    Гответе ги јагодите на средна температура околу 8 минути, со повремено мешање, додека не омекнат и смесата не се згусне. Тргнете ги од оган и оставете ги целосно да се изладат. Освежителни ледени стапчиња со јагода и грчки јогурт
  • Подгответе jа кремаста основа од јогурт

    10 Мин
    Во помал сад измешајте ги грчкиот јогурт, медот, павлаката за готвење и екстрактот од ванила. Мешајте додека не добиете хомогена и кремаста смеса. Освежителни ледени стапчиња со јагода и грчки јогурт
  • Наполнете ги калапите за ледени стапчиња

    2 Мин
    Подгответе 8 калапи за ледени стапчиња. На дното од секој калап ставете околу 1 лажица од смесата со јогурт. Додајте 1 лажица од изладениот прелив од јагоди, а потоа наросете малку гранола. Повторувајте ги слоевите додека не ги наполните калапите. Завршете со слој крцкава гранола одозгора.<br> Нежно потчукнете ги калапите од работната површина за смесата рамномерно да се распореди и да се отстранат евентуалните меурчиња воздух. Освежителни ледени стапчиња со јагода и грчки јогурт
  • Замрзнете

    480 Мин
    Во средината на секој калап ставете дрвено стапче за сладолед. Поставете ги калапите рамно во замрзнувач и оставете ги да се замрзнуваат најмалку 8 часа, а најдобро преку ноќ, додека ледените стапчиња целосно не се стегнат.<br> Пред да ги извадите, кратко исплакнете ја надворешната страна на калапите со топла вода, внимателно извлечете ги ледените стапчиња и уживајте во ова освежително летно задоволство. Освежителни ледени стапчиња со јагода и грчки јогурт

Рецептот како PDF

Сподели со пријатели

  • Facebook
  • Twitter
  • Pinterest
  • Whatsapp

Активирај врска од трета страна

Кликнавте на врска од трета страна и ќе ја напуштите страницата. Ние немаме контрола над платформите на трети страни и не ја поддржуваме ниту прифаќаме одговорноста за нив, вклучувајќи ја нивната содржина, точност или функција. Вие комуницирате со овие поврзани платформи на ваша сопствена одговорност. Ние не прифаќаме одговорност или обврска за ваквите платформи на трети страни и нивните услови на користење. Прочитајте повеќе во нашите Услови и правила на користење

Напишете ваше мислење

Вашата рецензија
Would you recommend this item?
Images
Додадовте 0 од 6 дозволени media items.
Image CAPTCHA
Get new captcha!
Внесете ги од сликата
Пополнете го полето за captcha

Откријте повеќе

  • Под 300 kcal
  • Лето
  • Лесно
  • Десерт
  • Појадок
  • Без риба
  • Без јајца
  • Без ракови
  • Песцетаријан
  • Без свинско месо
  • Вегетаријанска
  • Извор на протеини
  • Ниска количина на сол
  • Ниска содржина на јаглехидрати
  • Facebook
  • Youtube
  • Контактирајте не
  • Регистрирајте се
  • Правила и услови за користење
  • Колачиња
  • Политика на приватност
  • Изјава за достапност